Вечерва имав чест да присуствувам на одбележувањето на 50-годишнината од формирањето на Европската народна партија (ЕПП), значаен јубилеј кој обедини лидери, претставници и пријатели од цела Европа, информираше на социјалните мрежи премиерот Христијан Мицкоски.

Настан исполнет со силна енергија, визија и заедништво, каде се потврди улогата на ЕПП како двигател на европските вредности, демократијата и стабилноста. Присуството на бројни европски лидери даде дополнителна тежина и значење на оваа свеченост.

Ваквите моменти потсетуваат колку е важна соработката, меѓусебната почит и заедничката определба за посилна и пообединета Европа.

Exit mobile version