На денешен ден, пред точно седум години, музичкиот свет замолкна. Кралот на народната музика, Шабан Шаулиќ, го загуби животот во стравична сообраќајна несреќа во Германија, оставајќи зад себе празнина која никој не може да ја пополни. На овој тажен ден, со емотивна објава се огласи и Марија Шерифовиќ.
„Секој од нас поминува низ времето, но малкумина оставаат трага во него. Прашањето не е колку долго живееме, туку што останува зад нас. Ни недостига“, напиша Марија под црно-белата фотографија од легендата.

Судбината сакаше последната песна што Шабан ја отпеа на својот последен настап да биде токму „Одлазиш, одлазиш“. Само неколку часа подоцна, тој навистина си замина во вечноста, оставајќи ги своите верни фанови во неверување и солзи.

