ФОТО: Кралското семејство ја соопшти тажната вест - „Срцата ни се скршија“

Војвотката и војводата од Кембриџ, 38 годишната Кејт Мидлтон и 38 годишниот принц Вилијам, преку социјалните мрежи споделија дека нивниот омилен миленик Лупо починал.

Кралското куче го дружело семејството во изминатите девет години. Кејт и Вилијам велат дека многу ќе им недостига.

„Многу ни е жал. Да изгубиш миленик, кој бил дел од семејството, никогаш нема да биде едноставна работа. Кучињата се прекрасни животни. Срцата ни се скршија кога дознавме дека го изгубивме. Лупо беше прекрасен. Ќе ни недостига на сите“, биле некои од коментарите на пријателите на Кејт и Вилијам, кои имале можност да го запознаат и да си играат со Лупо.

Британски „Мирор“ пренесува дека Кејт го добила Лупо како подарок од нејзините родители Мајкл и Керол Мидлтон. Лупо и правел друштво на Кејт, кога Вилијам бил отсуствен поради воените обврски. Кучето одиграло главна улога во изборот на имињата на нивниот најстар син, Џорџ.

Кога кралската двојка се одлучувала за името на принцот, тие напишале неколку на хартиени ливчиња. Лупо токму го одбрал ливчето на кое го пишувало името Џорџ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.11.2020 - 13:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа