(ФОТО) Ковачевски: Рамазан Бајрам е празник на меѓусебна почит и разбирање

Претседтаелот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед по повод големиот верски празник Рамазан Бајрам.

„На сите припадници на исламската вероисповед во нашата земја, им го честитам големиот празник Рамазан Бајрам.

Во овие празнични денови, ви посакувам искрени желби за радост, спокој, благосостојба и духовна сила.

Рамазан Бајрам е празник на меѓусебна почит, солидарност и разбирање.Токму врз овие вредности, ние заедно го градиме нашето општество кое е еднакво за сите и токму со оваа наша посебност ја интегрираме државата во големото европско семејство на народи и држави“, стои во честитката на претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

10.04.2024 - 10:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега