По повод големиот христијански празник Бадник, коледарите од општина
Илинден со традиционални бадникови и коледарски песни ја најавија радосната
вест за Христовото раѓање – Божиќ.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, ги
пречека коледарите пред Домот на култура „Илинден“, каде што им подари
празнични пакетчиња и им посака добро здравје, среќа, успеси и благосостојба
во семејствата, при што истакна дека особено го радува фактот што најмладите
жители на општината ја негуваат традицијата и придонесуваат во зачувување на
православните обичаи.




