Скопје блесна во полн сјај благодарение на креативноста на неговите граѓани. Во рамки на манифестацијата „Украсуваме по скопски“, жири-комисија составена од реномирани новинари ги избра победниците кои со својот труд ги претворија своите домови во вистински празнични приказни.

За најубаво украсен двор е избран оној на Адријана Јовановиќ во населбата Маџари, додека наградата за најубава тераса замина во рацете на Теа Ивановска од Козле. Двете добитнички ќе бидат наградени со по 20.000 денари.

„Оваа манифестација е симбол на заедништвото. Сакаме да ги поттикнеме граѓаните активно да учествуваат во создавањето на празничниот амбиент, бидејќи најубавите празници се оние што ги создаваме заедно“, порача градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Exit mobile version