ФОТО: Ирена Спасовска позираше топлес - „Работи како да не ти требаат пари“

Поради пандемијата коронавирус и воведените мерки за заштита од истиот, забранети се секави групни собирања, организирање на свадби и прослави во кои ќе присуствуваат повеќе луѓе, а угостителските објекти имаат дозвола за работа само до 23 часот.

Македонските пејачи немаат воопшто ангажмани, ниту прилив на пари, па поради тоа неодамна одлучија и да излезат на протест против мерките на владата.

Фолк пејачката Ирена Спасовска заедно со уште  дваесетина музичари испратија писмо до Владата и се пожалија дека нема настапи и свадби, па затоа немаат ни приходи.

„Време е да се работи и пее. Многу наши колеги од народната и забавната фела живеат само од оваа работа и го чекаат моментот да се донесе конечната одлука за да почнеме да работиме“, рече Спасовска на состанокот со колегите кои формира Здруѓение за поддршка на музичарите.

Додека одмора и ужива во слободното време, пејачката е активна на социјалните мрежи, каде често споделува и провокативни фотографии.

Овој пат таа позираше топлес, но градите ги сокри со цвеќиња.

„Среќата е пат, а не судбина. Работи како да не ти требаат пари, сакај како никој да не те повредил, танцувај како кога никој не те гледа“, напиша Спасовска во опис на фотографијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.10.2020 - 11:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега