Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Детали: Приведениот обвинител од Прилеп ургирал во 4 предмети и барал пониски казни – колегите го снимале цело време

    07.10.2026 во 10:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Инцидент на Тетовскиот универзитет: Заканувачко писмо оставено во канцеларијата на деканот
    • „Внуката исчезна“ – загрижен дедо пријавил во СВР Битола
    • Јаневска: Подготвуваме препораки за здрава исхрана на учениците
    • Ѓорѓиевски во посета на Карпош: Дивата депонија се претвора во нов мега-парк од 86.000 квадрати
    • СДСМ: Левица не се појави во салата кога се гласаше за минимална плата од 600 евра
    • Сончево и топло до крајот на неделата – за викендот вистински пресврт
    • Акција на полицијата за време на кошаркарски натпревар во Аеродром: Фатени лица со пиротехника
    • Малолетничка пријавила дека била физички и психички малтретирана – Уапсени тројца членови на семејство од гостиварско
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ФОТО) ГРОМ: Слика која нè враќа 30 години наназад – високи претставници на власта наместо со програма, на терен излегоа со вреќи брашно

    (ФОТО) ГРОМ: Слика која нè враќа 30 години наназад – високи претставници на власта наместо со програма, на терен излегоа со вреќи брашно

    17.10.2025 во 18:372 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „Срамно и недозволиво!
    Денес сведочевме на слика која нè враќа триесет години наназад. Наместо со идеи, визија и програма, власта на терен излезе со вреќи брашно“, стои во соопштението на ГРОМ.

    Според партијата, граѓаните на Карпош биле сведоци на делење вреќи од по 30 килограми брашно од гаражи и куќи, што ГРОМ го оценува како навреда за достоинството на секој човек.

    „Кога нема резултати, кога нема дела – останува само брашното“, порачуваат од ГРОМ, додавајќи дека оваа постапка е доказ за вистинското лице на власта и нејзиниот кандидат.

    Од партијата упатија и прашање до премиерот: „Дали ова е вашата програма за инженерите, професорите, лекарите, пензионерите и домаќините? Дали мислите дека достоинството на човекот вреди една вреќа брашно?“

    ГРОМ порача дека во Карпош граѓаните не се купуваат, туку се почитуваат.

    „Ние не делиме брашно – ние градиме водоводи, канализации, улици, фасади, училишта и градинки. Карпош одамна ја надмина вашата ’триесеткилна политика‘,“ стои понатаму во соопштението.

    На крајот од реакцијата, партијата испрати порака дека „нема брашно што може да ја купи совеста на Карпошанец“ и оцени дека е срамота Македонија повторно да се враќа во 90-тите години.

    „Карпош е општина што мисли, што работи и што се бори со чесни средства. Карпош одамна замина напред,“ порачуваат од ГРОМ.

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Левица не се појави во салата кога се гласаше за минимална плата од 600 евра

    07.10.2026 во 16:38

    Каранфилова – Пановска: Светска банка му ја избриша таблата на Мицкоски, не сме „трета економија“ во Европа

    07.10.2026 во 12:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.