Делата говорат! Скопје не смее да чека. Скопје мора да се развива – посветено и со визија. Во завршна фаза е изградбата на улицата „Фрањо Клуз“ во Аеродром која е една од најзначајните сообраќајници во овој дел од градот. Се работи со полна динамика, и дење и ноќе, затоа што скопјани заслужуваат модерен, функционален и безбеден град, информира на социјалните мрежи градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Она што со години било запоставувано и туркано под тепих, денес се решава темелно и одговорно.

Во должина од еден километар се изведуваат нови тротоари, се поставува современо улично осветлување и се гради нова атмосферска канализација.

Реконструкцијата опфаќа нов тампон, двослоен асфалт, нови рабници, а во овој момент интензивно се асфалтираат тротоарите.

Секој сегмент се изведува по сите пропишани стандарди.

Од наредната недела, жителите на Аеродром ќе возат по нова, современа и безбедна улица.

За само три месеци од преземањето на функцијата градоначалник на Скопје, покажавме дека кога се работи со срце, визија и чесна намера – резултатите се очигледни.

Не ветивме чуда, туку работа.

И работиме.

Ова е само почеток. Следува најголемата инфраструктурна обнова досега.

Ќе се работи рамномерно, во секој дел на Скопје.

Затоа што секој заслужува исти услови, исти шанси и ист квалитет на живот.

Мојот народ го заслужува најдоброто!, стои во објавата на градоначалникот на ФБ.

Exit mobile version