Државниот завод за статистика потврди голем раст на превезена стока во товарниот сообраќај, силен поттик за економијата и нови работни места, објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
-Вкупното количество на превезена стока во товарниот патен превоз во четвртиот квартал од 2025 година е за 66,7% зголемена во споредба со истиот период 2024 година, додека пак забележано е и зголемување на карго превозот преку авиосообраќајот и тоа за 23,7% во четвриот квартал од 2025 година во споредба со истиот период 2024 година – објави Николоски на Фејсбук.


