Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ѓорѓиевски на средба со делегација од Советот на Европа: Фокус на децентрализацијата и финансиското јакнење на општините
    • Мицкоски утре во Шуто Оризари: Пуштање во употреба на новата детска градинка „8 Април“
    • Илон Маск предупредува: Америка ќе банкротира
    • Германија воведува специјална струјна тарифа за гејмери со моќни компјутери
    • Утре ќе нема струја до 15 часот – најавени исклучувања во повеќе скопски општини
    • Пронајдени клуч од мотор поврзан со убиство, бомба и пиштоли – отворена истрага за млад скопјанец
    • Завршни зборови за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане: Обвинителството бара доживотен затвор
    • Уапсен арачиновец кој го блокираше патот за да избега од полицијата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ФОТО) Ѓорѓиевски најави изградба на нов булевар во Скопје: „Македонско-косовска бригада“ ќе добие четири ленти и нова инфраструктура

    (ФОТО) Ѓорѓиевски најави изградба на нов булевар во Скопје: „Македонско-косовска бригада“ ќе добие четири ленти и нова инфраструктура

    04.09.2026 во 13:311 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во тек се последните подготовки пред почетокот на изградбата на новиот булевар „Македонско-косовска бригада“, каде што денеска увид во активностите извршија градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити.

    Како што извести Ѓорѓиевски, изградбата во првата фаза ќе се одвива на потегот од крстосницата со улицата „Џон Кенеди“ до булеварот „Босна и Херцеговина“.

    Новото сообраќајно решение предвидува четири ленти, по две во секоја насока, средишно зеленило, велосипедски патеки во двата правци и уредени тротоари. Проектот опфаќа и изградба на нова атмосферска канализација, современо улично осветлување, заштитно зеленило од двете страни и проширувања за автобуските стојалишта.

    Во својата изјава, Ѓорѓиевски го истакна значењето на инвестицијата за главниот град:

    „Скопјани заслужуваат модерна, безбедна и функционална инфраструктура. Тоа е еден од темелите на мојата визија за град што се развива плански, рамномерно и со јасна стратегија.“

    Тој додаде дека со оваа инвестиција се зголемува сообраќајната безбедност и се подобрува мобилноста на граѓаните.

    „Со изградбата на овој булевар создаваме нов, модерен и организиран урбан простор. Ја зголемуваме безбедноста, ја подобруваме мобилноста и градиме инфраструктура што ќе им служи на многу генерации. Скопје го развиваме рамномерно, во секоја општина и за секој граѓанин!“, порача Ѓорѓиевски.

    Прочитај повеќе

    Утре ќе нема струја до 15 часот – најавени исклучувања во повеќе скопски општини

    06.10.2026 во 16:16

    Илинден им помага на семејствата: 3.000 денари за секое прваче

    06.10.2026 во 11:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.