ФОТО: Дрво падна во Кисела Вода – оштети два автомобили

Два автомобили се оштетени откако рано изутрина голем багрем паднал врз нив. Според информации на Прес24, двата автомобили имаат поголеми штети, а искршени се ветробранските стакла.

Дрвото падна во скопска Кисела Вода на улицата Пушкинова, каде во март годинава во едно невреме оштетени беа поголем број автомобили поради паднати дрва.

11.10.2021 - 10:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа