ФОТО: Денес важи за една од најубавите жени на планетава - тешко би ја препознале на фотографија на која има 17 години

Пријанка Чопра на социјалната мрежа Инстаграм објавила фотографија на која што има 17 години и изгледа целосно поразлично од денес.

Малкумина денеска не слушнале за актерката Пријанка Чопра која што повеќе од 20 години по освојувањето на титулата Мис на светот важи за една од најубавите жени на планетата.

Но, актерката сега на својот Инстаграм профил споделила фотографија од времето пред да стане славна, а на која што малкумина ја препознале.

„Витка и опасна“, напишала Индијката во описот на фотографијата на која што има само седумнаесет години и е без своите препознатливи облини, а повеќето велат дека е „целосно друга личност“.

Само една година по настанувањето на таа фотографија, кога имала 18 години Пријанка била избрана за мис Индија, па потоа и Мис на светот.

По освојувањето на титулата ѝ се отворила вратата на „Bollywood“ во 2013-та година и токму тогаш го снимила својот прв филм „The Hero: Love story of a Spy“. Потоа се преселила во САД и ја остварила улогата во серијата „Quantico“.

По тие успеси следеле и многу други остварувања во светот на филмот, а таа моментално го снима и четвртото продолжение на омилената франшиза „Matrix“.

Пријанка денеска е во среќен брак со 10 години помладиот Ник Џонас за кој што се венчаше во 2008-та година.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Priyanka Chopra Jonas (@priyankachopra)

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.01.2021 - 14:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега