Српскиот пејач Дарко Лазиќ, сеуште е скршен по загубата на неговиот брат, Драган Лазиќ, кој загина во тешка сообраќајна несреќа во Србија.
Дарко и неговиот 32-годишен брат биле многу поврзани во животот, а за тоа говори и фотографијата која пејачот ја закачи на социјалната мрежа Инстаграм.

-Никој никогаш нема да може да те замени. Со тебе секогаш се смеевме. Ми фали секој миг и секоја твоја шега бато, напиша Дарко, споделувајќи фотографија од еден нивен бокс-меч.
Братот на Дарко Лазиќ, Драган Лазиќ (32), загина во сериозна сообраќајна несреќа со мотоцикл што се случи на 11 март 2026 година во околината на Шабац, Србија. Несреќата се случила кога Драган управувал мотор, а патнички автомобил му го пресекол патот, што довело до силен судар. Тој бил тешко повреден и починал на пат кон болница, и покрај брзата интервенција на итната помош. Возачот на автомобилот бил приведен од страна на полицијата.
По неговата смрт, семејството и пријателите организирале погреб во родното место Брестач, каде што многумина дојдоа да се простат од Драган.

