Close Menu
    Најново

    Меѓународната федерација за дијабетес го призна дијабетесот тип 5

    30.12.2025 во 23:21

    Запалено игралиште за баскет во Радишани

    30.12.2025 во 23:05

    По 9 години Мел Гибсон се разведува од сопругата

    30.12.2025 во 22:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Меѓународната федерација за дијабетес го призна дијабетесот тип 5
    • Запалено игралиште за баскет во Радишани
    • По 9 години Мел Гибсон се разведува од сопругата
    • Две лица се повредени во сообраќајката Кочани – Штип
    • Поради сообраќајна незгода во прекин сообраќајот на патот Кочани – Штип
    • На 35 години почина внуката на Џон Кенеди
    • Шефот на украинската војска за Западот: Ние повеќе никого не молиме, сега тие доаѓаат кај нас
    • Тажна вест: Почина познат скопјанец – познат по својата хуманост и добрина
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » (ФОТО) Царината заплени 1.158 луксузни часовници на Богородица

    (ФОТО) Царината заплени 1.158 луксузни часовници на Богородица

    07.10.2025 во 12:12
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Дури 1.158 парчиња часовници со потпис на заштитени трговски марки „Ролекс“, „Бос“, „Армани“ и „Томи Хилфигер“ се запленети при контрола на стока пријавена за транзит на граничен премин Богородица. Случајот е откриен од мобилен царински тим, кој поради сомневање изврши детален преглед, при што се пронајдени часовници чија пријавена вредност согласно фактура издадена од фирма од Кина изнесува 60.852 денари. Поради основано сомневање за повреда на право од интелектуална сопственост, стоката е задржана, при што е започната постапка за утврдување на оригиналноста на производите, соопшти Царинската Управа.

    Царинските службеници на граничните премини и мобилните царински тимови годинава заклучно со септември открија 63 случаи на повреда на право од интелектуална сопственост, при што запленети се речиси 78 илјади производи со потпис на познати трговски марки. Од нив во 37 случаи веќе е утврдено дека станува збор за фалсификати на вкупно 27.329 производи.

    „Годинава заклучно септември откривме 63 случаи на повреда на право од интелектуална сопственост, што е за над 40 проценти раст во однос на минатата година кога во овој период, се откриени 44 случаи на повреда на право од интелектуална сопственост. Половина од случаите или точно 32 случаи, годинава се откриени од нашите мобилни царински тимови. Овие резултати јасно ги потврдуваат нашите напори во борбата против трговијата со фалсификати“, истакнува директорот на Царинска управа, Бобан Николовски.

    Еден од главните приоритети на Царинската управа е унапредување на институционалните капацитети за ефикасна и ефективна борба против фалсификатите преку воведување на зајакнати мерки на царинска контрола за откривање и спречување на увоз, транзит и извоз на стоки кои го повредуваат правото од интелектуална сопственост, како и преку зголемена соработка со носителите на ова право и нивните застапници во Македонија.

    Популарно

    Тажна вест: Почина познат скопјанец – познат по својата хуманост и добрина

    30.12.2025 во 21:35

    Важно соопштение за пензионерите: Познато кога ќе им бидат пуштени пензиите

    30.12.2025 во 10:50

    Шефот на украинската војска за Западот: Ние повеќе никого не молиме, сега тие доаѓаат кај нас

    30.12.2025 во 21:53

    Калајџиев: Си играте играчки – ѕидот на срамот е импровизација

    30.12.2025 во 21:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.