Несекојдневен инцидент ги изреволтира жителите на скопската населба Кисела Вода. Во групата на Фејсбук насловена „Кисела Вода-Пријави проблем”, беа објавени фотографии од детско игралиште во населбата, полеано со уље.

-„Вака јавно да го прашам тој што детските реквизити ги истури со уље во паркчето каде што дечињата од најмали до најголеми се радуваат ,дали сега помирно ќе спиеш, дали совеста ќе те копка?

Не бе другари, не е до државата, не е до општината до нас е. И после зошто младите не раѓале, зошто си заминувале од државата. Од вакви покондурени како тебе !!!!!

Лизгалкиве се наоѓаат на ул. Ѓорги Сугаре веднаш до зградата на дабар. Се надевам дека некој ќе превземе нешто и ќе ги врати во првобитна состојба”, стои во објавата на жителка на Кисела Вода.

Постот и фотографиите предизвикаа лавина од реакции на социјалната мрежа Фејсбук.

„99% сум сигурен дека ова е дело на постар намќор комшија, на кого му сметаат децата што играат, што му галамат под прозор”, стои во еден од коментарите.

„Потоа децата биле хулигани и демолирале. Еве доказ од кого учат. Секоја девијантна појава потекнува од дома”, стои во друг коментар на постот.

„Во парк во Битола имаше измет од човек на лулашка”, стои во коментар.

„Сега треба да се исчисти и се повеќе деца да играат, да разбере дека нема да ги тргне децата од таму”, стои во уште еден коментар.

Exit mobile version