На 08.07.2026 во 20:00 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, на излез од државата, полициски службеници го лишија од слобода Ч.А.(40) од Р.Албанија.
МВР информира дека при гранична контрола и претрес на товарно возило „волво“ со албански национални ознаки, кое тој го управувал, во кабината на влекачот, биле пронајдени и одземени 24 пакувања со марихуана.
Известен бил јавен обвинител, а Ч.А. е задржан во полициска станица за понатамошна постапка.


