Најавената поддршка од новиот унгарски премиер Петер Маѓар за забрзување на европскиот пат на Западен Балкан предизвика реакции во Бугарија.

Бугарскиот професор Спас Ташев, од Бугарската академија на науките, оценува дека ставовите на Маѓар не се добра вест за Бугарија и треба внимателно да се анализираат.

Во интервју за бугарски „Телеграф“, Ташев вели дека Маѓар бил информиран за бугарската позиција, но и покрај тоа продолжил јавно да ги повторува истите тези.

Според него, станува збор за пошироко прегрупирање на влијанието на Балканот, во кое Македонија станува поле на конкуренција меѓу различни геополитички центри.

Реакциите доаѓаат по средбата на претседателката Гордана Силјановска-Давкова со Маѓар, кој порачал дека Унгарија уште посилно ќе застане зад Западен Балкан и европскиот пат на Македонија.

Тој оценил дека членството на земјите од регионот во Европската Унија е неопходно за стабилност и мир на Балканот.

Exit mobile version