Close Menu
Press24
    Најново

    Поранешна министерка загина во железничката несреќа во Шпанија

    28.10.2026 во 15:59

    Закана од терористички напад – Заканувачка порака испратена на е-маил на Народното собрание на РС

    28.10.2026 во 15:49

    Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

    28.10.2026 во 15:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Поранешна министерка загина во железничката несреќа во Шпанија
    • Закана од терористички напад – Заканувачка порака испратена на е-маил на Народното собрание на РС
    • Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија
    • Кривична пријава за директорот на ЈКП „Брегалница“ од Делчево: Злоупотребил службена положба за слободни денови на вработена
    • Велес: Автомобил излетал од пат, па се забил во дрво
    • ВИДЕО: „Алкалоид“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026
    • Кражба во охридски хостел: Египќанец украл телефон и пари од гости, па приведен на автопатот Тетово – Скопје
    • Мицкоски: Сите потврдија дека сме земја со најголем раст во регионот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Фондот за енергетска ефикасност влегува во финална фаза – Божиновска и Димовска ги координираат последните чекори за негово ставање во функција

    Фондот за енергетска ефикасност влегува во финална фаза – Божиновска и Димовска ги координираат последните чекори за негово ставање во функција

    15.07.2026 во 17:082 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со директорката на Развојната банка, Ефимија Димовска, посветена на финалните активности за операционализација на Фондот за енергетска ефикасност – еден од најзначајните механизми за финансирање на инвестиции во енергетската ефикасност во државата.

    На средбата беа разгледани следните чекори за воспоставување на Фондот, подготовката на клучната документација, како и меѓуинституционалната координација неопходна за негово целосно ставање во функција. Посебен акцент беше ставен на создавање ефикасен, транспарентен и одржлив систем кој ќе овозможи непречено финансирање на проекти за енергетска ефикасност.

    Министерката Божиновска истакна дека воспоставувањето на Фондот претставува една од најважните реформи во енергетскиот сектор, со која државата создава траен финансиски механизам за поддршка на инвестиции што ќе придонесат за намалување на потрошувачката на енергија, пониски трошоци и поголема енергетска независност. Во следниот период фокусот ќе биде насочен кон донесување на целокупната неопходна документација и воспоставување на сите институционални и оперативни механизми што ќе овозможат Фондот да започне со финансирање на проекти за енергетска ефикасност.

    Фондот за енергетска ефикасност ќе претставува клучен инструмент за мобилизирање на домашни и меѓународни финансиски средства и нивно насочување кон инвестиции во јавниот и приватниот сектор. Неговата цел е да обезбеди долгорочна финансиска поддршка за проекти што ќе ја зголемат енергетската ефикасност, ќе придонесат за намалување на емисиите на стакленички гасови и ќе го забрзаат процесот на зелена енергетска транзиција.

    Соговорниците ја потврдија определбата за интензивна координација и партнерска соработка во наредниот период, со цел Фондот да стане целосно функционален механизам што ќе ги забрза инвестициите во енергетската ефикасност и ќе придонесе за исполнување на националните и европските климатски и енергетски цели. Со воспоставувањето на Фондот за енергетска ефикасност, Македонија добива современ финансиски инструмент кој ќе обезбеди континуирана поддршка за инвестиции во почиста, поефикасна и поконкурентна енергетика.

    Прочитај повеќе

    Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

    28.10.2026 во 15:29

    Кривична пријава за директорот на ЈКП „Брегалница“ од Делчево: Злоупотребил службена положба за слободни денови на вработена

    28.10.2026 во 15:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.