Close Menu
Press24
    Најново

    Хрватскиот претседател загрижен: Србија се снабдува со офанзивно оружје од Кина

    15.03.2026 во 15:47

    Ирански МНР: Врховниот лидер е во одлична здравствена состојба

    15.03.2026 во 15:26

    Израел ѝ понуди на Германија да изгради „Железна купола“ на нејзина територија

    15.03.2026 во 15:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Хрватскиот претседател загрижен: Србија се снабдува со офанзивно оружје од Кина
    • Ирански МНР: Врховниот лидер е во одлична здравствена состојба
    • Израел ѝ понуди на Германија да изгради „Железна купола“ на нејзина територија
    • Хулиганство во Аеродром: Малолетници нападнаа три лица со тупаници и јајца
    • Брачни кавги, заробена партнерка и тепачка со свекрва: Седум пријави за семејно насилство
    • Го начекале во подземна гаража: Едниот извадил пиштол, другите го тепале
    • Зеленски: Украина не војува со Иран, само го продава своето искуство за одбрана од дронови
    • ВМРО-ДПМНЕ: Протестот докажа дека ССМ и СДСМ се едно исто, работниците се злоупотребени за политичка игра
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Фондот на ПИОМ со одлука за зголемување на средствата за исплата на посмртнина

    Фондот на ПИОМ со одлука за зголемување на средствата за исплата на посмртнина

    25.12.2025 во 22:462 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Управниот одбор на Фондот на ПИОМ ја одржа својата 28-ма седница, на која беа донесени повеќе одлуки од негова надлежност.

    Седницата ја водеше заменик-претседателот на Одборот, Игор Китаноски, кој на почетокот му го даде зборот на директорот на Фондот, Никола Мемов, за да ги информира членовите за активностите реализирани помеѓу двете седници.

    Директорот Мемов истакна дека редовните активности на Фондот се одвиваат непречено и без проблеми, при што посочи дека на 1 декември навремено е исплатена ноемвриската пензија.

    Тој ги информираше членовите на Управниот одбор и за работната средба со Фондот на ПИО на Црна Гора, која се одржала од 16 до 18 декември годинава. На средбата било разговарано за досегашната примена на Договорот за електронска размена на податоци меѓу двете институции и Техничкиот протокол за негова имплементација, склучени во февруари годинава, како и за идните активности насочени кон унапредување на соработката и размената на податоци.

    Членката на Управниот одбор, Станка Трајкова, информираше дека Регистрираната организација за Солидарен фонд донела одлука за зголемување на задршката за посмртна помош од пензиите од 140 на 150 денари, како и зголемување на средствата за исплата на посмртнина од 35 на 40 илјади денари.

    Членовите на Управниот одбор ја усвоија Стратегијата за внатрешна ревизија за периодот 2026–2028 година, како и Планот за внатрешна ревизија на Единицата за внатрешна ревизија во Фондот за 2026 година.

    Дополнително, Одборот донесе одлука за доделување деловен простор на користење на Здружението на пензионери Дојран, како и одлука за распишување конкурс за именување заменик-директор на Фондот и формирање конкурсна комисија.

    На седницата беа разгледани и повеќе информации, меѓу кои и Информацијата за резултатите од спроведените активности во делот на регистрација на податоците, како и Информацијата за поднесени и остварени права на старосна пензија во периодот од 1 јануари до 10 декември 2025 година.

    Популарно

    Утре седум часа ќе нема струја – ЕВН најави исклучувања кај голем број корисници

    13.03.2026 во 12:28

    Го начекале во подземна гаража: Едниот извадил пиштол, другите го тепале

    15.03.2026 во 14:13

    Зеленски: Украина не војува со Иран, само го продава своето искуство за одбрана од дронови

    15.03.2026 во 13:04

    Тешка сообраќајка на патот Кавадарци – Росоман: Жена тешко повредена по судир со камион

    13.03.2026 во 12:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.