Доналд Трамп не смее да се меша во европската демократија, а одлуката за тоа кој ќе ги води земјите им припаѓа исклучиво на гласачите, порача претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Острата реакција од Брисел доаѓа по објавувањето на новата Национална безбедносна стратегија на САД, која предвидува „цивилизациска смрт“ на Европа во наредните 20 години и отворено зборува за поттикнување отпор против сегашните европски политики. Трамп дополнително ги нарече европските лидери „слаби луѓе“ кои не знаат што прават.
„Не е до нас, кога станува збор за избори, да одлучиме кој ќе биде лидер на земјата, туку на народот на таа земја… Тоа е суверенитет на гласачите и тоа мора да се заштити. Никој друг не треба да се меша, нема сомнение за тоа“, децидна е Фон дер Лајен.
Во контроверзниот американски документ се критикуваат и европските напори за сузбивање на крајната десница, нарекувајќи ги „политичка цензура“.

