Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Фон дер Лајен се дистанцира од корупцискиот скандал во ЕЕАС – Брисел под притисок

    Фон дер Лајен се дистанцира од корупцискиот скандал во ЕЕАС – Брисел под притисок

    04.12.2025 во 17:553 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, се дистанцира од обвинувањата за корупција што ја потресоа дипломатската служба на ЕУ, објави „Политико“. Нејзиниот кабинет истакнува дека истрагата не е поврзана со Комисијата туку со Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС).

    Белгиските власти во вторникот спроведоа ненадејни рации и ги приведоа поранешната шефица на европската дипломатија, Федерика Могерини, и поранешниот генерален секретар на ЕЕАС, Стефано Санино. Претставници на Комисијата нагласија дека случајот се однесува на периодот кога Санино ја извршувал функцијата во ЕЕАС, пред неговиот премин во Комисијата.

    „Не е Комисијата таа што се дистанцира, туку друга институција што е под истрага“, изјави претставник на ЕУ.

    Санино вчера поднесе оставка, а Комисијата соопшти дека тој ја напушта раководната позиција во одделот за Блискиот Исток, Северна Африка и Персискиот Залив. Тројца претставници на ЕК тврдат дека истрагата за наводното незаконско доделување тендер за академија за обука на идни дипломати на ЕУ – на Колеџот на Европа во Бриж – нема никаква врска со фон дер Лајен, бидејќи ЕЕАС е институција независна од Комисијата.

    Претставник на ЕУ ги оквалификува нападите врз фон дер Лајен како „неправедни и неразумни“, во период кога Комисијата настојува да обезбеди поддршка за Украина пред клучниот самит во декември.

    Настаните се случуваат во услови на тензии меѓу фон дер Лајен и актуелната шефица на ЕЕАС, Каја Калас. Таа, која не била на функција во времето на наводната корупција, исто така се огради од случајот. Во писмо до персоналот, Калас напиша дека обвинувањата против Могерини и Санино се „длабоко шокантни“, но дека датираат од периодот пред нејзиниот мандат. Таа нагласи дека нејзиниот тим започнал реформи, вклучувајќи „Стратегија против измами“ и засилена соработка со OLAF и Европското јавно обвинителство.

    Сепак, повеќе службеници од ЕЕАС посочуваат дека околу Санино постојат и пошироки прашања, меѓу кои наводи дека фаворизирал одредени лица при доделување дипломатски позиции. OLAF, наводно, ги посетил канцелариите на генералниот секретар пред неговото заминување.

    Од Комисијата велат дека не биле информирани за претходни жалби против Санино кога бил назначен да го води новиот оддел на ЕК.

    Европското јавно обвинителство во вторникот соопшти дека побарало укинување на дипломатскиот имунитет на „неколку осомничени“ и дека барањето било одобрено, без да прецизира кои институции биле известени.

    Обвиненијата сè уште не се докажани, а Могерини, Санино и третото приведено лице се сметаат за невини додека не се донесе судска одлука.

    Истовремено, случајот ризикува дополнително да ги влоши односите меѓу европските институции и белгиските власти. Неколку функционери го критикуваа белгискиот правосуден систем, потсетувајќи дека и покрај спектакуларните апсења и прес-конференции, случаите како „Катаргејт“ и истрагата за наводен поткуп од страна на Хуавеј не биле успешно доведени до крај.

    Прочитај повеќе

    САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген

    19.09.2026 во 15:39

    Трамп: Русите со години ги напаѓа сојузниците на Украина

    19.09.2026 во 10:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.