Фон дер Лајен ја поздравува паузата на царините на Трамп
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска ја поздрави најавата на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, за пауза во примената на реципрочните царини.
„Јасните и предвидливи услови се клучни за функционирањето на трговијата и синџирите на снабдување“, изјави Фон дер Лејен на социјалната мрежа Икс.
Таа додаде дека царините се даноци кои само им штетат на фирмите и на потрошувачите. „Затоа постојано се залагав за договор за царини „нула за нула“ меѓу Европската унија и Соединетите Американски Држави“, посочи таа.
Вчера Трамп најави целосен прекин на царините, со исклучок на Кина, чии царини ќе бидат зголемени од 104 на 125 отсто, пренесува Танјуг.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа