Физички напади и грабежи во Скопје и Тетово- претепана и девојка на скопскиот плоштад

 

Неколку лица биле физички нападнати во Скопје и Тетово, при што морала да интервенира полицијата и да поднесе кривична.

„СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.Е.(18) од с.Палатица, тетовско, А.Ј.(24) и  Ј.З.(23), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. На 02.09.2020 на ул.„Благоја Тоска“ во Тетово пријавените физички го нападнале Л.Р.(18) од Тетово и му одзеле пари.

На 17.09.2020 во 21.40 часот во СВР Скопје, М.Д.(32) од Скопје пријавила дека на плоштад „Македонија“ била физички нападната од З.С.(56) од Скопје. Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 6 и член 12 од Законот за прекршоцит против јавниот ред и мир.  

На 17.09.2020 во 17.50 часот во СВР Скопје, Н.Б.(30) од с.Средно Коњари, скопско, пријавил дека околу 16.30 часот во с.Ржаничино бил физички нападнат од С.К. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 17.09.2020 околу 17.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Златко Шнајдер“  во Скопје, две лица кои биле со мотоцикл, со метални предмети го нападнале Љ.П.(56) од Тетово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и расчистување на случајот.

На 17.09.2020 во 17.45 часот во СВР Скопје, П.А.(44) од Скопје пријавил дека во 17.15 часот на ул.„Борис Сарафов“, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 17.09.2020 во 19.50 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.И.(44) од Скопје пријавила дека околу 19.20 часот на ул.„Лука Геров“ нејзините две деца биле физички нападнати од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“ соопштуваат од МВр

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.09.2020 - 16:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега