Финска донесе официјална одлука за повлекување од Конвенцијата од Отава, меѓународниот договор кој ја забранува употребата, складирањето и производството на противпешадиски мини. Информацијата ја објави националната јавна телевизија Yle, повикувајќи се на официјални извори.

Според информациите од финската влада, овој чекор не е избрзан, туку доаѓа по „внимателно разгледување на безбедносните потреби на земјата и стратегиските приоритети“. Со оваа одлука, Финска се приклучува кон помалата група држави во светот кои не се обврзани со глобалната забрана за овој тип на оружје, задржувајќи го правото да го користат за одбрана на своите граници.

Конвенцијата, која е во сила од 1999 година и брои над 160 земји членки, имаше за цел целосна елиминација на мините и уништување на постоечките залихи. Засега, финските власти не прецизираат дали и како ова повлекување ќе влијае врз нивната соработка за контрола на оружјето или врз хуманитарните обврски.

Exit mobile version