Финансиската полиција поднесе кривична против поранешниот прв финансиер, Кирил Миновски

Финансиската полиција до Јавното обвинителство поднесе кривична пријава против поранешниот министер за финансии Кирил Миновски и уште две лица бидејќи, како што се вели во соопштението, го оштетиле државниот буџет. Според финансиската полиција, тројца не ја изветиле владата за отворањето на стечајната постапка над АД ЕМО Охрид со што 152 милиони денари не биле вратени во буџетот.

-Првопријавениот К.М. во својство на Министер за финасии во период од Јуни 2016-Јуни 2017 година, второпријавената Л.Ѓво својство на Државен советник за прашања од областа на трезорското работење во Министерство за финансии од 2011 година и третопријавената М.С. во својство на Раководител на „Сектор за трезор“ во Министерство за финансии во период од 03.04.2012-26.05.2015 година и Државен советник за прашања од областа на трезорското работење во Министерство за финансии од 26.05.2015 година, во период од м. Декември 2016 до м. Јануари 2017 година ја злоупотребиле својата службена положба со неизвршување на службената должност спротивно на законските прописи и одредби од Правилникот за систематизација на работните места во Министерство за финансии донесен 05.01.2012 година и член 87 од Закон за стечај, кои се однесуваат на следење на наплата на побарувањата по основ на дадени позајмици од Буџетот на Република Македонија на начин што по отварањето на стечајната постапка над АД ЕМО ОХРИД не поднеле Известување за евидентирани побарувања од „Сектор за трезор“ до „Сектор за второстепена управна постапка, управни спорови и наплата на побарувања“ во Министерството за финансии за нивно натамошно постапување, свесно не поднеле Пријава на побарувањата од Министерство за финансии а истовремено и не ја известиле Владата во законски предвидениот рок од 15 дена од објава на Решение на Основен Суд Охрид СТ бр.60/16 од 21.12.2016 година за отварањето на стечајната постапка над АД ЕМО ОХРИД (Сл.весник бр. 220 од 26.12.2016 година) со што пријавените овозможиле побарувањата во износ од 152.330.430 денари на Министерството за финансии и Владата на РСМ да не бидат вратени во Буџетот на РСМ иако постоел правен основ за враќање на дадените позајмици согласно склучените договори со што е причинета штета на Буџетот на РСМ во вкупен износ од 152.330.430 денари, се вели во соопштението од Финансиската полиција.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.10.2020 - 20:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа