Close Menu
Press24
    Најново

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • „Розовиот октомври“ одбележан во Чаир: Меџити порача дека раното откривање рак на дојка спасува животи
    • Драма на лет за Дизелдорф: Патници се разболеа во авион
    • Николоски за автопатот Охрид-Кичево: На терен има одличен напредок, се гледа крајот
    • Утре 30-тата класа питомци ќе даде заклетва на Воената академија во Скопје
    • 69-годишен маж извадил пиштол по караница во Желино, полицијата му поднесе кривична
    • Грција дава поддршка за македонските евроинтеграции, Шасивари се сретна со амбасадорот Малукос
    • Нов бран апсења низ Македонија – приведени 10 возачи
    • Дурмиши: Создавањето можности за младите е приоритет на Министерството
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Финансиска полиција откри криминал во Агенцијата за одземен имот: „Наместиле“ тендер за старо железо вреден 2 милиони денари

    Финансиска полиција откри криминал во Агенцијата за одземен имот: „Наместиле“ тендер за старо железо вреден 2 милиони денари

    08.05.2026 во 12:381 Min Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против двајца управители на фирми и петмина вработени во Агенцијата за управување со одземен имот. Тие се сомничат за злоупотреба на постапка за јавна набавка при продажба на хаварисани возила како старо железо.

    Кривичната пријава ги опфаќа Н.И. и Б.Г. како управители, две правни лица, како и вработените во Агенцијата: Ф.А., Г.А., П.К., Ф.Ј. и А.Б.

    Според пријавата, осомничените управители во 2021 година, со однапред утврдена намера, ги повредиле прописите за јавен повик. Во постапката, едниот правен субјект бил прикажан како формален конкурент со намерна техничка грешка во понудата, со цел да им се оневозможи наддавање на останатите учесници.

    Членовите на комисијата во Агенцијата, Г.А., П.К. и Ф.Ј., заедно со А.Б., свесно помогнале во реализација на оваа шема.

    „На овој начин било овозможено склучување договор за продажба на одземени хаварисани возила помеѓу Агенцијата, претставувана од Ф.А., и правниот субјект управуван од Н.И., при што правното лице се стекнало со противправна имотна корист од 2.128.352 денари“, информираат од Финансиската полиција.

    Случајот е веќе во рацете на надлежното обвинителство за понатамошно постапување.

    Прочитај повеќе

    69-годишен маж извадил пиштол по караница во Желино, полицијата му поднесе кривична

    21.10.2026 во 15:07

    Нов бран апсења низ Македонија – приведени 10 возачи

    21.10.2026 во 14:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.