Филипче: За биолошка терапија луѓе одеа во странство, а сега ја примаат дома

 

Во интервју по повеќе до две и пол години откако не е на функција во политиката, Венко Филипче говореше за проектите кои ги реализирал како министер но и за работата како пратеник после изборите во Мај.

„Тоа се платите на здравствените работници, тоа се оригиналните инсулини, тоа е биолошката терапија како некои од покрупните проекти.  До нашиот мандат луѓе, за жал, или летално завршуваат или одеа да се лекуваат во странство за таа биолошка терапија. Се реновираа огромен број на оделенија низ државата, се купи огромен број на опрема, точно димензионирана таму кај што треба за луѓето да не патуваат и да ги прават потребни интервенции и радиологиски испитувања ширум државата“ – рече Филипче.

Тој напомена дека како иден пратеник ќе предложи 10 до 15 законски промени и решенија.

„Со нивна имплементација ќе се подобри статусот на здравствените работници и на пациентите. Пред нас е период на интензивна работа а здравствените работници ќе почуствуваат голем бенефит и ќе видат дека им се обрнува многу внимание. Ние имаме огромен број на проекти, кои што подобрија многу сегменти во здравството“ – рече Филипче.

 
 
25.03.2024 - 21:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега