Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
    • Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
    • Лефков: СДС и Филипче беа декласирани на изборите во општина Брвеница со 4 спрема 1
    • САД ја блокираат испораката на ракети „Патриот“ за Украина: Вашингтон ја одложува дозволата за сојузниците
    • Македонската песна за детската Евровизија ја научиле и дечињата во Малта: Ана и делегацијата пречекани со овации
    • Ѓорѓиевски: По повеќегодишен застој и стагнација ја завршуваме изградбата на клучката кај Момин Поток
    • Божиновска и Азески на средба за стратешките приоритети во енергетиката и рударството
    • „Летала“ со автомобилот: 24 годишна девојка од Подмочани возела 142 км/ч на место каде дозволено е 50
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче во Валандово: Гласот за Перо Костадинов е глас за продолжување на развојот

    Филипче во Валандово: Гласот за Перо Костадинов е глас за продолжување на развојот

    08.10.2025 во 09:122 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина, синоќа, во Валандово ги повика граѓаните, да дадат глас за Перо Костадинов, бидејќи тоа е глас за продолжување на развојот, за секое маало и за цело Валандово. 

    „Овде луѓето ја знаат тежината на дадениот збор, ја знаат вредноста на чесната и посветена работа.  Тоа се одлики и на нашиот Перо и затоа верувам, убеден сум, дека со вашиот глас ќе го продолжиме започнатото и нема да дозволиме Валандово да се врати назад”, порача д-р Филипче. 

    Тој ја истакна неговата поддршка за актуелниот градоначалник и кандидат на СДСМ, Перо Костадинов, и советничката листа на партијата, упатувајќи порака за единство и победа на СДСМ во Валандово. 

    „Ние гордо стоиме зад Перо Костадинов, гордо стоиме зад листата на нашите советници, затоа што силно веруваме во нив, во нивната работа, посветеност, во нивната љубов за својата општина, за своето маало, уличка, за својот дом. Тие се темелот на нашата борба”, нагласи д-р Филипче. 

    Филипче порача дека чесната и посветена работа секогаш носи резултати и напредок, а Валандово е доказ за тоа. 

    „Кога го имаш тој темел, општината расте со сигурен чекор. Валандово е пример за тоа дека кога се работи чесно, кога се работи посветено, со љубов, со план, со визија – напредокот е загарантиран”, рече тој. 

    Лидерот на СДСМ потсети на бројните реализирани проекти и конкретни резултати што ја докажуваат успешната работа на Перо Костадинов во Валандово. 

    „Улици, сали, игралишта, водоводи, градинка, кино сала – тоа што е направено се гледа и вие тоа многу добро го знаете. Затоа Валандово треба да продолжи напред, за секој негов жител, за секое маало, село, улица”, истакна д-р Филипче на граѓанската трибина на СДСМ и Коалицијата „Се бориме за нашиот дом”, која се одржа синоќа во Валандово.

    Прочитај повеќе

    Лефков: СДС и Филипче беа декласирани на изборите во општина Брвеница со 4 спрема 1

    20.10.2026 во 19:46

    Мисајловски: Професионалните војници со навршени 45 години возраст ќе можат да го трансформираат работниот однос

    20.10.2026 во 15:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.