Close Menu
    Најново

    Фејсбук тестира наплата за споделување линкови

    19.12.2025 во 23:39

    Знаци кои во 2026 година ќе имаат среќа во љубовта и плодни финансиски проекти

    19.12.2025 во 23:12

    Владата на Србија предложи Бадник да биде неработен

    19.12.2025 во 22:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Фејсбук тестира наплата за споделување линкови
    • Знаци кои во 2026 година ќе имаат среќа во љубовта и плодни финансиски проекти
    • Владата на Србија предложи Бадник да биде неработен
    • Албанија со најголем пад на населението во регионот
    • 49-годишна жена заврши зад решетки: Агресивно се однесувала со полицајци
    • Умеров пред преговорите со САД: Безбедноста на Украина мора да биде сигурно и долгорочно гарантирана
    • Гутереш бара Хутите итно да ги ослободат претставниците на ОН
    • 5 работи кои ги прават нарцисоидните мажи за време на празниците
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Филипче: ВМРО-ДПМНЕ понуди само ароганција и лаги, ние нудиме чесни и компетентни кандидати на изборите

    Филипче: ВМРО-ДПМНЕ понуди само ароганција и лаги, ние нудиме чесни и компетентни кандидати на изборите

    21.09.2025 во 12:05
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средби со граѓаните на Струга порача дека власта на ВМРО-ДПМНЕ нуди само ароганција и лаги, додека СДСМ настапува со чесни и компетентни кандидати на овие избори.

    „Оваа власт е се подалечна од народот. Арогантна и самозадоволна, додека семејствата бројат денови до следната плата и ги кратат основните трошоци.  Работниците чекаат повисоки плати, а тие се расфрлаат со нивните пари. Додека платите стагнираа, инфлацијата го јаде секој заработен денар.“ рече Филипче.

    „Имаме највисоки цени за храна, а власта не прави ништо да ги ограничи додека ни продаваат приказни дека сме на врвот во Европа во економија. Сите изборни ветувања им беа една голема лага, а лажниот патриотизам превез за осиромашување на луѓето,“ посочи тој.

    Филипче порача дека СДСМ нуди вистинска алтернатива, чесна понуда со остварливи програми:

    „СДСМ на овие избори оди со чесна понуда, остварливи програми и компетентни луѓе со интегритет. Граѓаните ќе бираат помеѓу докажани луѓе во општините кои ги предлага СДСМ и гол ПР на ВМРО-ДПМНЕ без никакви резултати.“

    „Ние сме подготвени да работиме сериозно, транспарентно и секогаш со слух и емпатија за граѓаните. Тоа го докажавме во минатото, ќе го докажеме и сега. Државата и општините може да се вратат на вистински пат само со луѓе кои си стојат на зборот и не бегаат како кукавици при првата криза,“ рече претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

    Популарно

    Бремените и хронично болните се ослободуваат од работа

    19.12.2025 во 20:04

    „Тажен кактус“: Норвешка ја брани елката-подарок во Лондон

    19.12.2025 во 19:57

    Знаци кои во 2026 година ќе имаат среќа во љубовта и плодни финансиски проекти

    19.12.2025 во 23:12

    УХМР со најнова прогноза: Стабилно до понеделник, од вторник пресврт

    17.12.2025 во 11:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.