Close Menu
    Најново

    Петрушевски: Очекувам убедливата победа на кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ уште посилно да се рефлектира во вториот круг 

    28.10.2025 во 20:05

    Сајкоски од Кичево: На 2 ноември масовно да гласаме за Александар Јовановски и за развој на општината

    28.10.2025 во 19:55

    Мециновиќ до Ѓорѓиевски: Вие говорите за дивоградби, а се сликате со кралот на дивоградбите на Изет Меџити

    28.10.2025 во 19:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Петрушевски: Очекувам убедливата победа на кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ уште посилно да се рефлектира во вториот круг 
    • Сајкоски од Кичево: На 2 ноември масовно да гласаме за Александар Јовановски и за развој на општината
    • Мециновиќ до Ѓорѓиевски: Вие говорите за дивоградби, а се сликате со кралот на дивоградбите на Изет Меџити
    • Јовановски: Со заокружување на бројот 9, Кичево ќе добие градоначалник кој ќе се жртвува за својот град 
    • Ѓорѓиевски: Досега немало разлика од 60.000 гласови меѓу противкандидати на локални избори во Градот Скопје
    • Полцијата влезе во училиштата во Куманово: Бараат евентуални бомби
    • Мециновиќ: Јас добив 30.000 гласови од скопјани и јас немам списоци како вас да знам кој гласал за мене
    • Рустеми и Саити од „Комунална хигиена“ одат во 30-дневен притвор под сомненија за загрозување на животната средина
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Филипче: ВМРО ДПМНЕ е подготвена да си ги отруе граѓаните за сопствените рејтинзи

    Филипче: ВМРО ДПМНЕ е подготвена да си ги отруе граѓаните за сопствените рејтинзи

    30.09.2025 во 09:43
    ФОТО: СДСМ
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во вечерашното интервју во емисијата „360 степени“, посочи дека ВМРО-ДПМНЕ се директно одговорни за системското блокирање на функционирањето на Градот Скопје и за загадувањето на воздухот. Тој посочи дека Мицкоски и неговата партија не може да се амнестираат од градоначалничката Данела Арсовска, бидејќи токму тие ја промовираа како најдобра менџерка и ја донесоа на чело на Град Скопје.

    „Скопјани знаат кој е крив за хаосот, освен градоначалничката,  и ВМРО ДПМНЕ, коишто внимавајте, ги имаат сите управни одбори на сите градски претпријатија, на пример Јавното сообраќајно комунално претпријатија. Тоа се членови на ВМРО ДПМНЕ. Зарем некој ги заборави и сликите кога ја промовираа пред Белата палата, пред 4 години, како вчера да беше. Па видете што се случи во овие 4 години, заради нивната кавга, која како што во јавност излезе е за одредени дилови“, рече Филипче. 

    Тој потсети дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ дури 26 пати гласаа против набавка на нови автобуси за ЈСП, што според него е доказ за нивната свесна намера да го блокираат развојот на градот за партиски поени.

    „Да ги потсетам Скопјани, дека 26 пати, не еднаш, 2 пати, 5, 10 пати – туку  26 пати, советниците на ВМРО ДПМНЕ, гласаа против набавка на автобуси во Советот на Град Скопје. Па како може да ја тргнат од нив одговорноста? “, рече Филипче.

    Во интервјуто, Филипче потести и на пожарот во Трубарево, нагласувајќи дека ВМРО ДПМНЕ е подготвена да си ги отруе граѓаните за сопствените рејтинзи. 

    „Министерот за здравство лажеше дека е чист воздухот, министерот за внатрешни работи не направи соодветна евакуација на Скопјани, макар во тој дел кој што живеат, предупредивме каква анализа треба да се направи на воздухот“, рече Филипче.

    Тој додаде дека СДСМ постојано после пожарот во Трубарево предупредуваше каков тип на анализи треба да се направат на почвата, воздухот и водата, но власта задоцни.

    „Па кога стигнаа резултатите, излезе дека воздухот биле сериозно загаден. Кој ќе превеземе одговорноста за труењето на Скопјани во тие денови кога страшно цел град мирисаше поради пожарот? Мислите дека таа одговорност може лесно да се симне со некаква ПР пропаганда? Не, Скопјани многу добро знаат кој го води градот, кој ги води институциите“, потенцираше претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

    Популарно

    Арсовска му се закани на Премиерот по апсењето на директорот на Комуналец: Мицко, ќе бегаш од Македонија за некоја година

    27.10.2025 во 15:20

    Ужас во Велес: Влегол во здравствена установа, заклучил вработена по што ја испрскал во очи со средство за чистење и ја натепал

    28.10.2025 во 13:34

    Вучиќ го соопшти она што сите го чекаа

    27.10.2025 во 15:18

    40 години казна затвор за возење по дејство на алкохол, се предлагаат најстроги казни за пијани возачи

    28.10.2025 во 10:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.