Close Menu
Press24
    Најново

    Секое дете има еднаква шанса – Ѓорче Петров обезбеди нови услови за инклузивно образование во „д-р Златан Сремец“

    23.03.2026 во 11:14

    ФОТО: Синчето на Борко Ристовски најде 500 евра во маркет – Мама Нина го бара сопственикот

    23.03.2026 во 11:11

    Започна блокадата на границите: Километарски колони од паркирани камиони

    23.03.2026 во 11:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Секое дете има еднаква шанса – Ѓорче Петров обезбеди нови услови за инклузивно образование во „д-р Златан Сремец“
    • ФОТО: Синчето на Борко Ристовски најде 500 евра во маркет – Мама Нина го бара сопственикот
    • Започна блокадата на границите: Километарски колони од паркирани камиони
    • Хаос во Тирана: Повредени шест полицајци, опозицијата палеше полициски возила и контејнери
    • Дувнал 3,7 промили алкохол – Пијан маж дивеел и нападнал полицаец, драма во Бања Лука
    • Лоша временска прогноза за Велигден – Нема да видиме сонце за празникот
    • Трагедија во Македонија: Му се слошило додека возел, излетал од пат и починал
    • Паника во Хрватска: Се затвораат бензински пумпи, граѓаните во очај – Тешко е, полниме каде ќе стигнеме
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Власта води лоши економски политики, странските инвестиции паднаа на 200 милиони евра

    Филипче: Власта води лоши економски политики, странските инвестиции паднаа на 200 милиони евра

    30.09.2025 во 09:352 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за „360 степени“ предупреди на сериозен пад на економските показатели и целосно погрешни политики на власта.

    -Кога граѓаните не можат да врзат крај со крај поради тоа што власта води лоши економски политики, кога цените не се под контрола, кога има пад на странските инвестиции тогаш тоа е јасен доказ дека економијата тоне. Минатата година, како резултат на нашите политики, странските инвестиции во првите шест месеци изнесуваа 600 милиони евра. Годинава, под оваа влада, таа бројка падна на само 200 милиони. Што може да очекуваме? Само дополнителен пад, намалување на извозот, посебно со Германија, и стагнација на индустриското производство,“ изјави Филипче.

    Во однос на унгарскиот кредит, тој беше дециден:

    „Едноставно, никој не знае каде се една милијарда евра. Од најавени 350 милиони евра за општините, реализирани се помалку од 10 проценти. Па каде се парите? Нашите информации се дека тие се веќе потрошени, а компаниите кои аплицираат сведочат дека средства нема,“ нагласи Филипче.

    Тој потсети дека Владата дури ги сменила процедурите за Македонската банка за развој, која за прв пат зема пари директно од буџетот наместо од меѓународни финансиски институции.

    „Зошто граѓаните да враќаат милијарди евра кредити за нешто што не носи капитален развој? Капитален објект е оној што носи додадена вредност и раст. Бехатон плочки во Штип тоа нема да го направат ова се погубни економски политики на власта,  политики кои ја задолжуваат државата, ја кочат економијата и ја загрозуваат иднината на граѓаните” потенцираше председателот на СДСМ, Венко Филипче.

    Популарно

    Секое дете има еднаква шанса – Ѓорче Петров обезбеди нови услови за инклузивно образование во „д-р Златан Сремец“

    23.03.2026 во 11:14

    ФОТО: Синчето на Борко Ристовски најде 500 евра во маркет – Мама Нина го бара сопственикот

    23.03.2026 во 11:11

    Започна блокадата на границите: Километарски колони од паркирани камиони

    23.03.2026 во 11:07

    Хаос во Тирана: Повредени шест полицајци, опозицијата палеше полициски возила и контејнери

    23.03.2026 во 10:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.