Филипче: Вакцинацијата тече одлично - следните денови ќе се вакцинираат воспитувачите од градинките

Одлично тече вакцинацијата на наставничките и наставниците од 1 до 3 одделение во салата Борис Трајковски, напиша на својот Фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.
„Вчера и денес треба да се вакцинираат 3000 пријавени од оваа група. Со ова го заштитуваме образовниот процес кај децата со физичко присуство во најниските одделенија. Вакцинацијата следните денови продолжува со воспитувачките од градинките“, напиша Филипче.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.04.2021 - 11:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега