Close Menu
Press24
    Најново

    МВР фати возач на автобус – имал дефектни кочници и превезувал 35 деца повеќе од дозволеното

    03.04.2026 во 17:26

    Скандал со храна во соседството: Бугарија уништува над 800 килограми путер

    03.04.2026 во 17:23

    Приведени пет лица – полицијата ги фати со дрога

    03.04.2026 во 17:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • МВР фати возач на автобус – имал дефектни кочници и превезувал 35 деца повеќе од дозволеното
    • Скандал со храна во соседството: Бугарија уништува над 800 килограми путер
    • Приведени пет лица – полицијата ги фати со дрога
    • Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Перу
    • Јаневска: Со 6 милиони евра поддржуваме иновативни проекти на универзитетите
    • Убиство го потресе светот: Убиено дете – приведени тројца тинејџери
    • Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Руската Федерација
    • Дрска кражба во Скопје: Понудил помош на 73-годишна жена, па со сила ѝ ја одзел чантата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Тоа што СДСМ го создаде ДПМНЕ го руши, укинати здравствените услуги во Неготино

    Филипче: Тоа што СДСМ го создаде ДПМНЕ го руши, укинати здравствените услуги во Неготино

    09.10.2025 во 22:002 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Венко Филипче вечерна на граѓанската трибина во Неготино не зборуваше само како претседател на СДСМ туку и како лекар искажувајќи го своето разочарување од здравствениот систем во Неготино кој е запуштен и на терет на граѓаните поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ.

    „ВМРО-ДПМНЕ и нивниот градоначалник стојат неми пред уште една голема неправда уништување на здравствениот систем во Неготино. Наместо да ја подобрат здравствената заштита, тие подготвуваат нов удар врз граѓаните припојување на ЈЗУ „Здравствен дом“ Неготино кон Општата болница во Кавадарци. Денес, наместо 24-часовна услуга и достапна нега, приправноста во лабораторијата и рендгенот е укината, па граѓаните на Неготино и Демир Капија за секој банален преглед мора да патуваат до Кавадарци или во некој друг град. Тоа е срамно, тоа е понижување за целиот регион и тоа е доказ дека ВМРО-ДПМНЕ повторно ја води државата со рамнодушност, небрежност и презир кон обичниот човек“, порача Филипче.

    Пред неготинчани Филипче исто така рече дека како што претходно ВМРО-ДПМНЕ го затвориле породилното одделение, денес сакаат да затворат здравствена установа која била целосно обновена од власта на СДСМ.

    „Граѓаните на Неготино добро паметат што се случуваше во претходната власт од ВМРО-ДПМНЕ кога се затвори породилното одделение. Со истите изговори и истата ароганција  денес гледаме ново сценарио, нов обид за укинување на здравствена установа што беше целосно обновена во наше време здравствена установа со нова лабораторија, рентген, мамограф, модерна итна медицинска помош и стручен кадар. Тоа што е создадено со труд, знаење и љубов кон овој град, тие сега сакаат да го уништат. И затоа јавно велам: граѓаните на Неготино ова не смеат да дозволат ова да се случи!“, рече Филипче во Неготино.

    Популарно

    МВР фати возач на автобус – имал дефектни кочници и превезувал 35 деца повеќе од дозволеното

    03.04.2026 во 17:26

    Скандал со храна во соседството: Бугарија уништува над 800 килограми путер

    03.04.2026 во 17:23

    Приведени пет лица – полицијата ги фати со дрога

    03.04.2026 во 17:10

    Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Перу

    03.04.2026 во 16:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.