Филипче: Свиркачи ми донесоа докази - Христовски е незаконски назначен

 

Со поставување на Бојан Христовски за директор на АНБ, власта ги прекршила општите правила за назначување на прв човек на една од клучните безбедносни институции во државата. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска во Собрание на пратенички прашања извади документи со кои покажа дека Христовски не го исполнува главниот услов за да биде директор на АНБ, односно нема 5 години стаж на раководна позиција како што налага законот.

„Ова се документи доставени од нас од свиркачи. Изводи од Агенцијата за вработување и Фондот за здравствено осигурување.  Со малку математика може да се оспори и главниот услов за негово назначување а тоа е 5 години стаж на раководни позиции, согласно законските услови. Ни тој услов не го исполнува вашиот партиски кадар.

Нели, господине Мицкоски, ветувавте поразличен начин на работа? Нели мерит систем некој најавувате? Вашето поимање за Мерит систем е по заслуга ама во партија. Кој најмногу заслужил кај лидерот на позиција“-рече Филипче на собраниската говорница.

Претседателот на СДСМ, Филипче истакна дека професионализмот мора да се заштити и АНБ да биде во функција на државните интереси, а не на интересите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој побара Христовски да биде разрешен, да биде назначен нов директор на АНБ а надлежните институции целосно да го истражат случајот и да има одговорност.

31.10.2024 - 13:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега