Спремни сме за превремени избори во било кое време и мислам дека на граѓаните конечно им е јасно за каква Влада станува збор. Опозицискиот лидер филипче демонстрираше оптимизам дека неговата партија може да се врати на власт до крајот на оваа или на почетокот на наредната година.
„Јас сум прилично сигурен дека предвремени избори ќе има. Дали ќе бидат на крај на оваа година, дали ќе бидат на почеток на следната година, и тоа од неколку фактори. Прво, оваа влада е тесно поврзана и тоа ние секојдневно го објавуваме и го аргументираме со авторитарните режими во регионот на Орбан и на Вучиќ.
Избори ќе има во двете земји. Многу работи ќе зависат од исходот на тие избори, понатаму од тешката економска состојба во која што се наоѓа државата. Оваа влада ја носи државата во амбис. А во однос на нашата подготвеност апсолутно во било кое време сме спремни да настапиме на избори, при тоа мислам дека конечно Граѓаните им е јасно за каква влада станува збор и дека повеќе нема да може да помине лажната пропаганда со која што тие дојдоа на власт во 2024 година.“ – рече Филипче во изјава за новинарите.
- Димитриеска-Кочоска: И покрај предизвиците и притисокот во Буџетот, Владата внимателно и навремено презема мерки
- Блокирале пат, се заканувале на полицајци и го навредувале министерот – четворица битолчани заработиле кривични
- Крвава ноќ во Скопје: Млад скопјанец итно пренесен во „8-ми Септември“ со рани од нож
- Мицкоски: ЕСМ не само што ги задоволува потребите, туку и продава струја во ноќните часови
- Приведен 33-годишник од демирхисарско: Полицијата дома му пронајде пушки и муниција
- Мицкоски: Од денес 3 денари попуст на сите бензински на ОКТА
- Манасиевски: Башановиќ и Шчекиќ го тонат СДС – Филипче со молкот ја потврдува соработката со српските стратези
- Циклон ја зафаќа Македонија: Подгответе се за обилни врнежи од дожд и снег

