Филипче соопшти дали ќе има надополнување на карантинот викендов

Утрово имавме координација и со членовите на Комисијата за заразни болести на база на најновите податоци и анализи кои што беа направени, тоа се процентот од позитивни, просекот кој се прави врз основа на двонеделните бројки заклучивме дека карантинот треба да остане ист, дека нема да се надополнува и дека дефинитивните резултати од сегашните рестриктивни мерки ги очекуваме до крајот на оваа недела или следната, кажа министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

-Евентуално дополнителни рестрикции доколку треба ќе има после состанокот на Комисијата за заразни болести кој што ќе се одржи следната недела, кажа Филипче.

Евидентно е дека се наоѓаме во екот на третиот бран. Во изминатите 4 недели имаме постојан раст на бројот на активните случаи, кажа министерот.

-Тоа што се забележува е дека во оние градови во кои во изминатиот период имаше значјно зголемување на инциденцата, сега е намалена, но има зголемување на инциденцата во други градови.

Филипче истакна и дека притисокот во болниците е голем , но дека се работи на добро менаџирање.

-Притисокот беше голем особено во Скопје. Сите интерни клиники однака како што беа претходно сега се ковид центри.Тука има еден одреден број слободни кревети и затоа во функција е и едно одделение на хируршки клиники. Со таа координација и со дополнителните одделенија има сосем доволен број на болнички кревети.

Дозволете да кажам дека сега сите ковид центри се во функција, некаде се користат некаде се уште не.

Се користат ковид центрите во Гевгелија, во Велес а се спремни и модуларните одделенија во Прилеп, Битола итн, кажа Филипче.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.03.2021 - 11:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега