Close Menu
Press24
    Најново

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Милошоски: Македонија ги зацврстува стратешките врски со САД 
    • Спасовски: СДСМ покажа цврста решеност да биде совест на државата, глас на трудот, заштита на понижениот човек
    • Левица: Студентите ќе ја тужат Јаневска, МОН мора да го покачи студентскиот оброк
    • Започнува зимското сметање на времето: Ноќеска се враќаат стрелките на часовникот
    • МОН со објаснување за проблемот во „Стив Наумов“: Изолирани ситуации кои се санираат, но дел се и од несоодветно користење
    • Берово утрово најстуден град во земјава, измерени минус 1 степен
    • (ВИДЕО) Mицкоски: Небото свети Македонија
    • Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Со укинување на техничката влада власта подготвува изборна кражба

    Филипче: Со укинување на техничката влада власта подготвува изборна кражба

    28.04.2026 во 20:502 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на СДСМ Венко Филипче во интервју за Алсат М Телевизија предупреди дека со укинување на техничката влада, се загрозуваат фер и демократските изборни процеси во државата, а власта се подготвува за изборна кражба.

    „Техничка влада мора да остане затоа што на маса се фер и демократски избори. Без техничка влада нема гаранција дека тоа ќе се случи. Всушност нема да се случат фер и демократски избори. Се спрема изборна кражба.“, рече Филипче.
    Тој посочи дека системот на техничка влада е воспоставен како гаранција за фер изборен процес и дека неговата промена повторно отвора прашања за изборните услови во државата.
    „Затоа е донесена техничка влада. Тогаш важела за изборите 2016 така е донесен законот да важи само за тие избори. Меѓутоа на барање Христијан Мицковски во 2018 година, повторно е донесена таа измена и тогаш е ставено во законот техничката влада да важи до влезот на Македонија во Европската унија. Зошто сега му се брза? Зошто сега сака тоа да се тргне. Тоа е единствената гаранција дека во земјава ќе има фер и демократски избори.“, потенцираше Филипче.
    Ваквите најави за промени не се изолирани, туку има за цел да ја намали контролата врз институциите и кражба на изборниот процес.
    „Вистинското прашање е зошто сега сакаат да го сменат законот за влада? Зошто нив не им одговара технички министри од опозицијата, тоа е вистинското прашање? И јас еве веќе ви одговорив, целосно затоа што не сакаат контрола зашто ќе им ги фатиме и сите престапи и криминалите тоа не сакаат. Затоа не сакаат да дозволат. Е тоа сака да го направи оваа власт зошто затоа што бегаат од контрола и вистината.“, потенцираше Филипче.

    Прочитај повеќе

    Милошоски: Македонија ги зацврстува стратешките врски со САД 

    24.10.2026 во 11:47

    Левица: Студентите ќе ја тужат Јаневска, МОН мора да го покачи студентскиот оброк

    24.10.2026 во 11:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.