Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, преку социјалната мрежа Х упати серија остри и иронични критики до премиерот Христијан Мицкоски и владејачката ВМРО-ДПМНЕ, поврзувајќи го вчерашниот триумф на Бугарија на Евровизија со актуелната политичка соработка меѓу двете земји. Според Филипче, додека бугарската јавност слави музички успех, Македонија се соочува со меѓународна изолација поради политиките на актуелната власт.

Претседателот на СДСМ во својата објава ги прозва кадрите на Владата и за начинот на кој се трошат буџетските средства за мега-настани.

„ВМРО-ОКГ може да го организира дочекот на Дара. Имаат искуство со протокол, камери и медиуми. Имаат и фирми со милионски договори за доведување странски изведувачи – како Давид Гета. Плус – сите имаат бугарски пасоши, нивниот „претставник“ победи… А црвениот килим веќе го имаат – оној од дочекот на Атан Груби на границата.“

Филипче ја заокружи својата реакција со порака дека владејачката коалиција свесно ја жртвува европската иднина на државата за сметка на дневнополитички интереси.

„ВМРО и Бугарија во еуфорија – Македонија во изолација. Честитки, Христијане!“


Exit mobile version