Филипче: Следната недела ќе се разгледува олабавување на мерките- можно е работното време на угостителските објекти да биде до 23 часот

Денеска на седница на Влада, усвоивме предлог, од 21.01 работното време на угостителските објекти да биде до 21 часот, соопшти на својот фејсбук профил Зоран Заев а веднаш по него и министерот за здравство,Венко Филипче кој пак додаде дека дополнително ќе биде разгледано олабавување на мерките и продолжување на работното време до 23 часот.

-Следната недела откако ќе ја анализираме епидемиолошката состојба во земјата, можно е дополнително олабавување на мерките, односно работното време на угостителските објекти да биде до 23 часот- напиша Филипча.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.01.2021 - 14:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега