Филипче: Секој што дава лажни податоци ќе биде сместен во државен карантин на негова сметка

Сè уште има прекршување на мерките за самоизолација, како и мерките за групирање, па затоа засилени се контролите согласно координативните состаноци, истакна министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

Тој истакна дека Владата донела уредба со која се предвидува државен карантин од 14 дена за сите оние кои ќе им дадат лажни податоци на лекарите,

– Секој што не ја почитува мерката самоизолација, или, пак, им дава лажни податоци на епидемиолозите, ќе биде ставен во државен карантин од 14 дена. Трошоците ќе си ги надомести самото лице – рече Филипче.

За тоа што има се поголем број заразени со вирусот, а кои го кријат тоа и даваат лажни податоци и за нив и за состојбата во семејствата, министерот за здравство, Венко Филипче, е категоричен:

– На лекарите треба да им  се даваат точни податоци. Кај пациентите кои не кажуваат точно колегите веќе се сомневаат дека можеби ќе има случај на давање неточни податоци и им пристапуваат  внимателно. Ако се вратиме на почеток на епидемијата, огромен број луѓе кои ги дијагностициравме, сосе првиот сучај, беше токму заради несоработка и недавање точни податоци – рече министерот  Филипче во Владата.

Тој додаде дека пациентката која влегла од Италија на преминот Табановце не кажала на граничниот премин дека е болна,.

 

– Таа влезе директно во болница, а исто и наредните патници кои доаѓаа од Италија. Сега е  истиот проблем – праќаме апели и интензивно разговараат со нив здравствените работници, прават детални прегледи, особено при земањето податоци и се обидуваат да се заштитат себеси, но и институцијата. Ќе инсистирам ова да функционира – рече Филипче.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.06.2020 - 17:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега