Филипче се сретна со медицинските сестри кои дадоа отказ од инфективна: Ќе најдеме начин да продолжиме заедно во битката со Ковид

 

Министерот за здравство Венко Филипче објави дека утринава остварил средба со трите медицински средби кои дадоа отказ од своите работни позиции на Клиниката за инфективни и фебрилни болести.

-Утрово се сретнав со колешките Зорица, Силвана и Дивна, медицински сестри од Инфективната Клиника. Тие изминативе седум месеци се на првата линија во борбата со пандемијата. За нивната посветеност и неуморна работа им изразив огромна благодарност. Кога се работи во такви тешки услови со многу стрес и замор, разбирливо е да дојде до потреба за промена за што целосно ги разбирам. Сепак, утрово ги поканив на разговор и разговаравме да останат на Клиниката каде нивната работа неизмерно се вреднува. Се договоривме после заслужениот одмор кој го земаа повторно да разговараме и да најдеме начин да продолжиме заедно во битката со Ковид на Инфективната Клиника. Секој човек во здравството е важен и ќе направам се за да ги мотивирам здравствените работници, напиша Филипче на Фејсбук.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.09.2020 - 09:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега