Филипче се сретна со газдите на приватните болници - во недела ќе се знае како државата ќе ги користи нивните ресурси

Министерот за здравство Венко Филипче попладнево одржа работен состанок со сопствениците на приватните болници „Жан Митрев“, „Систина“ и „Ремедика“.

Разговорите, соопштија од Министерството за здравство, беа конструктивни, а приватните болници изразија позитивен став во однос на користење на нивните ресурси од страна на државата за справување со пандемијата.

Со оглед на тоа што за прв пат државата заедно со приватните здравствени институции треба да направи реорганизација за справување со ковид – кризата во време на пандемија, дополнителни прецизирања на условите, начинот на користење на ресурсите на приватните здравствени установи ќе бидат договорени на следниот состанок закажан за в недела. Дотогаш на формализирање на соработката работат тимовите од Миистерството за здравство и приватните болници, стои во соопштението. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.11.2020 - 16:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега