Close Menu
Press24
    Најново

    Најмалку една година за неопходните законски измени за МВР да ги прифаќа дигиталните лични карти и возачки дозволи

    29.10.2026 во 14:21

    Куманово: Цели девет месеци силувал дете

    29.10.2026 во 14:08

    Речиси 580.000 евра на сметка на мајката, синот пријавен за перење пари

    29.10.2026 во 13:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Најмалку една година за неопходните законски измени за МВР да ги прифаќа дигиталните лични карти и возачки дозволи
    • Куманово: Цели девет месеци силувал дете
    • Речиси 580.000 евра на сметка на мајката, синот пријавен за перење пари
    • Муцунски: Процесот на европска интеграција да биде кредибилен и предвидлив и со забрзана динамика
    • Злетовец вплеткан во меѓународна шема за измами: Натерал сограѓанин да направи 18 уплати во странство
    • Обвинение за силување 15-годишно дете, сопруг тепал сопруга и ќерка, мајка малтретирала малолетничка
    • Печурки, табелети, марихуана, хероин: Што сѐ пронајде полицијата за 24 часа?
    • Муцунски за Ива Михаилова: Непристојно е земја-членка на ЕУ да станува прибежиште од македонското правосудство
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче од Ново Село бара итна истрага за нападот врз младите: Власта е исплашена и нема да нè замолчи

    Филипче од Ново Село бара итна истрага за нападот врз младите: Власта е исплашена и нема да нè замолчи

    06.08.2026 во 16:063 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска престојуваше во Ново Село по синоќешниот инцидент во кој беа нападнати млади лица кои укажувале на проблемот со водата за пиење. Тој побара итна реакција од полицијата и обвинителството, оценевајќи дека зад нападот стојат лица блиски до власта.

    Филипче истакна дека инцидентот е резултат на стравот кај владејачката структура поради излегувањето на вистината во јавноста.

    „Денеска сме тука во Ново село поради инцидентот кој што се случи синoќa. Инцидент кој што не требаше да се случи, но кога веќе се случи, благодарение на организираната криминална група на Христијан Мицкоски, не смее и не треба да се премолчи. Беа нападнати млади деца. Млади деца кои што ја говореа вистината. А вистината е дека водата во Гостивар и во половина држава е загадена и не е за пиење“, изјави Филипче.

    Според лидерoт на СДСМ, по медиумските притисоци следувала и физичка пресметка со младите активисти.

    „И кога веќе медиумскиот линч на организираната криминална група не помага, тие физички се пресметаа со децата. Со децата на Ново село, со децата на Македонија, кои што единствено нешто што правеа, ја говореа вистината. Бараме итна истрага, итна реакција на Министерството за внатрешни работи, итна истрага на обвинителството, кои беа тие луѓе? Затоа што беа активисти на ВМРО, затоа што беа луѓе блиски на Христијан Мицкоски. Тие луѓе кои што посегнаа по тоа да физички се пресметаат со младите деца кои повторно ќе кажам, ја говореа вистината“, додаде тој.

    Филипче порача дека партијата ќе застане зад младите и дека одговорност за овој настан мора да има.

    „Упатувам порака, децата не се сами. Не беа сами синќа, не се сами денеска, нема да бидат сами ниту утре. Ова е знак дека власта е исплашена. Исплашена е заради тоа што излегува вистината за загадената вода, излегува вистината за економијата, излегува вистината за Европа, излегува вистината за тоа дека сега сме слепо црево на Европа. Доаѓа време на правда и вистина. И ќе одговараат. Ќе одговараат за сите криминали, а најмногу за тоа што посегнаа по децата поради тоа што единствено нешто што децата правеа ќе повторам по трет пат, ја говореа вистината“, истакна Филипче.

    Тој заклучи дека обидите за замолчување на оние што мислат различно нема да успеат.

    „Оваа власт нема да не замолчи. Ако ова е порака дека секој кој што мисли различно и кој што ја говори вистината, ќе биде замолчен и со него физички ќе се пресметаат, упатувам јасна порака – нема да им успее. Доаѓа време на вистина и правда“, порача претседателот на СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Филипче до Мицкоски: Знам дека ти е тешко, ти го снема и вториот ментор од Србија

    29.10.2026 во 13:03

    Манасиевски: Заев и Филипче земаа советници од СНС во Владата – на иста линија се со Вучиќ

    29.10.2026 во 11:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.