Се соочуваме со опасност за која мислевме дека е зад нас, се соочуваме со власт што гази врз достоинството на човекот, истакна претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина „ Се бориме за нашиот дом“, што се одржа во Куманово.
Филипче посочи дека за година и пол Владата на ВМРО-ДПМНЕ покажа дека единствено што знаат е да манипулираат со граѓаните.
„Власт што не ги слуша граѓаните, туку ги заплашува, манипулира и ги лаже. Власт што не ги решава проблемите, туку арогантно ги игнорира. И што е најопасно – власт што сака луѓе кои молчат, се покоруваат и не се надеваат на ништо подобро“, рече Филипче.
Македонија како што кажа Филипе е повторно е под закана, закана од партизација, од економско уништување, од поделби, од бесперспективност.
„Државата за година и пол власт на ВМРО-ДПМНЕ назадува во секоја област. Оваа власт сака да создаде држава во која нема место за никој освен оние кои се блиски до Белата палата. Тоа не смееме и нема да го дозволиме“, рече Филипче.
Во обраќањето пред граѓаните, Филипче порача дека сега не е време за молчење и не смее да им се дозволи на ВМРО-ДПМНЕ да ja претворат државата во своја сопственост.
„Нашата обврска е јасна-да не молчиме. Да не им дозволиме да ја претворат Македонија во приватна сопственост. Во недела да излеземе масовно на гласање, да ја подигнеме партијата, да им покажеме дека СДСМ е тука, дека СДСМ е силен и дека нивниот пад започнува веќе од понеделник. Ова не е време за апатија, ниту за дистанца. Ова е време на одлука. Во недела, гласаме со разум, со срце, гласаме со вера дека оваа земја може подобро – и дека тоа подобро почнува од нас, гласаме за промени и за силен СДСМ“, порача од Куманово, претседателот на СДСМ, Венко Филипче.