Разликата помеѓу мене и мојот против кандидат на овие избори е прашањето на корупцијата. Ова го истакна кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, во телевизискиот дуел со неговиот противкандидат за Чаир, Изет Меџити.

„Јас, ако имам некаков професионален и политички капитал, тоа е интегритетот. Дваесет години сум хирург, никој никогаш не поднел поплака против мене за корупција, дури и во Владата, ако имав направено само една запирка грешка, никој немаше да ми ја прости. Но, тоа е капиталот со кој влегувам“, рече Османи.

Османи потсети дека поради начинот на работа на актуелното раководство на Чаир, довербата на граѓаните одамна е изгубена.

„Во 2016 година, ДУИ излезе како трета партија, нè победија и СДСМ, и Беса. Затоа во 2017 направивме промена, и верував дека со новиот градоначалник ќе се случи вистинска промена. Но, за жал, се продолжи со истата политика. Денес го кријат градоначалникот, кој цел мандат го помина без резултати“, рече Османи за Висар Ганиу.

Тој јавно ја презеде одговорноста за довербата што ја дал во минатото.

„Ако имам чувство на совест во оваа кампања, тоа е што јас барав доверба за актуелниот градоначалник, верувајќи дека ќе донесе промена. Денес влегов сам, не за да сменам човек со друг човек, туку за да ја сменам културата на владеење во Чаир,“ потенцираше Османи.

Toj нагласи дека граѓаните не сакаат континуитет од 20 години и дека на Чаир му треба лидер кој работи чесно, посветено и без калкулации.

„Граѓаните не ги интересираат партиите, ним им треба човек кој ќе стане во пет наутро и ќе работи со народот, човек кој можеш да го обвиниш за сè, но не и за корупција“, изјави Османи.

Османи потсети дека веќе ја има поддршката на граѓаните.
„Само минатата година бев кандидат за претседател на државата и победив во Чаир. Таму ја добив пораката дека граѓаните ме поддржуваат затоа што веруваат дека она што сум го направил, можам да го направам и во Чаир“, порача Османи.

Exit mobile version