Претседателот на СДСМ, Венко Филипче на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ во Ѓорче Петров рече дека секој глас за СДСМ е влог во подобра иднина за Македонија. Тој нагласи дека овие избори се историски важни за државата.

„Затоа ајде заедно, обединети, решителни, сите на едно место, да ја вратиме државата во рацете на народот. СДСМ е единствената сила која може да ја врати надежта. Борбата на СДСМ е за праведност, борба за достоинството на луѓето, борба за нивните права да живеат со нормален приход, борба никој да не биде игнориран и оставен на страна, борба за машки справување со кризите, заштита на граѓаните. Сакаат да ја убијат надежта за промена. Сакаат да ги убедат луѓето дека нема надеж – бидејќи само така ќе можат комотно да ја уништуваат државата за свои потреби. Само така ќе продолжат да јадат манго и папаја, додека за граѓаните нема ништо“, повика Филипче.

Тој, како што соопштија од партијата, потсетил на проектите кои Владата на СДСМ ги реализирала во таа општина, а тоа се: нова детска градинка во Волково, модернизирање на системот за јавно осветлување, уредување на зелената срцевина на Ѓорче корзото, новиот изглед на улиците во Ѓорче, Волково, Кисела Јабука, Александрија, Орман и Кучково. 

Exit mobile version