Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска промовираше мерка која може целосно да го промени начинот на работа во Македонија. Во новата програма на партијата е вклучен предлогот за кратење на работната недела од пет на четири работни дена, со цел да се спречи масовното прегорување (burn out) кај работниците.
Филипче истакна дека Македонија станала нација со најдолг работен циклус и дека е време за достоинствен живот.
„Станавме нација која е најпреработена и најисцрпена. Со овој модел човекот се става пред профитот. Нудиме и субвенции за сите компании кои ќе го тестираат овој модел на скратена работна недела“, порача Филипче на денешниот брифинг.
Покрај ова, се предвидува и дополнително скратено работно време за повозрасните работници и лицата со попреченост.

