Close Menu
    Најново

    Филипче: Мицкоски е copy-paste на Вучиќ

    10.12.2025 во 12:13

    (ВИДЕО) Филипче: Договор има, Мицкоски за пари прифаќа мигранти

    10.12.2025 во 12:10

    Лавров: ЕУ се обидува да го спречи мировниот процес за Украина

    10.12.2025 во 12:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Филипче: Мицкоски е copy-paste на Вучиќ
    • (ВИДЕО) Филипче: Договор има, Мицкоски за пари прифаќа мигранти
    • Лавров: ЕУ се обидува да го спречи мировниот процес за Украина
    • МВР го гони екс министерот – Кривична за Оливер Спасовски
    • Претседателката за мигрантите: Ако се лица опасни за Британија, опасност се и за нас – јас сум против нивен прием
    • Тројца млади кумановци зад решетки – украле делови од автобус
    • Апсења во Прилеп, Гевгелија и Ресен: Возеле дрво пијани и побрзо од дозволеното
    • За многу години: Денес се празнува Светиот маченик Јаков Персиец
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Филипче: Мицкоски е copy-paste на Вучиќ

    Филипче: Мицкоски е copy-paste на Вучиќ

    10.12.2025 во 12:13
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција предупреди дека власта на ВМРО-ДПМНЕ подготвува пролетни избори, за да ги сокрие мигрантските договори кои веќе се водат зад затворени врати а за кои граѓаните дознаваат од светските медиуми.

    „Најавивме дека власта планира и подготвува избори следната година на пролет. Тоа значи дека мигрантите се веќе договорени, а за возврат треба да добијат пари“, истакна Филипче, додавајќи дека и изјавите на Мицкоски го откриваат нивното сценарио.

    „Мицкоски вчера изговори дека додека тој има мандат како премиер, нема да има шатори за мигрантите. Што може да значи само една од двете работи. Прво, дека се планираат избори и мисли на втор мандат после изборите. И второ, мисли на тоа дека во суштина нема да има шатори, но ке има социјални станови“. Но прочитани се, им ги знаеме сите чекори однапред“ потенцираше Филипче.

    Претседателот Филипче посочи дека вистинската причина за овие тајни договори е огромната финансиска дупка создадена од власта:

    „Веќе сега има една милијарда евра недостаток на пари во буџетот. Владата мора да го потпише договорот, затоа што тоа е врзано со кредитот од шест милијарди евра.“

    Тој предупреди дека Мицкоски го следи сценариото на Вучиќ, потсетувајќи на примерот со литиумот во Србија: „Кризата со мигрантите е истата криза како проектот за копање Литиум. Сè е ‘copy-paste’. Истото препишувачко школо на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес конференција.

    Популарно

    МВР ќе испраќа и фотографии, процент на тоелранција на брзината ќе има

    09.12.2025 во 10:22

    Пивоваров: Најдобро е премиерот Мицковски да упати демант до британските медиуми

    09.12.2025 во 22:25

    МВР го гони екс министерот – Кривична за Оливер Спасовски

    10.12.2025 во 12:01

    Излезете масовно: Taравари го поддржува протестот за припадниците на УЧК

    10.12.2025 во 09:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.