Филипче: Летово очекувам намалување на бројот на заразени, но на есен ќе бидеме пред уште поголем предизвик

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција истакна дека очекува намалување на бројот на заразени од корона вирусот, но предупреди дека потоа ќе следува есента, кога бројот повторно може да се зголеми.

 

-Пред нас имаме летни месеци. Во изминатите 5-6 дена факторот на пренесување е под единица и се надевам дека така и ќе остане и во следниот период и врз основа на тоа ќе видиме и намалување на бројот на пациенти. Ова го кажувам со резерва. Но потоа доаѓаат есенските месеци, луѓето ќе почнат повеќе од времето да го минуваат во затворено, школите ќе почнат со работа и тоа се сериозни ризик фактори, и тоа може да биде многу посериозен предизвик за нашиот здравствен систем од сега, рече Филипче.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.06.2020 - 13:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега